Пол Погба сака да добие двојно поголема плата во Манчестер јунајтед, со 30 милиони фунти годишно за да остане на „Олд Трафорд“ и покрај големиот број на критики дека не го дава максимумот за својот тим, тврдат италијанските и англиските медиуми.
Французинот во текот на летото изјави дека сака „нов предизвик“ и беше поврзуван со трансфер во Реал Мадрид или Јувентус, но Јунајтед одбија да разговараат за продажба верувајќи дека тој треба да биде лидер на обновените „ѓаволи“. Според „Тутоспорт“, Јунајтед, кои веќе му понудиле нов договор, ќе треба добро да искешираат ако сакаат да го заддржат фудбалерот кој произлезе од нивната академија.
Погба веќе е еден од фудбалерите кои најдобро заработуваат во Англија со 300.000 фунти неделна плата, но сега, тој и неговиот агент Мино Рајола бараат неделна плата од 600.000 фунти со која тој би станал еден од најдоброплатените фудбалери на светот.