Ѕвездата на Јувентус, Пол Погба очигледно покрај тоа што има добро заздравување од повредата на коленото, го надмина и разочарувањето што нема да оди на СП во Катар, откако на социјалните мрежи објави видео како танцува во сопствената дневна соба, додека неговата сопруга Марија Зулај го гледа заедно со вториот син.
„Време за семејството. Го поминав тестот на коленото“, напиша Погба.
29-годишниот Французин имаше кошмарна есен откако замина од Манчестер јунајтед, откако мораше да оди на операција на коленото и ќе паузира барем до јануари.