Top Sport

Велшкиот селектор му забрани играње голф на Герет Бејл

Велшкиот селектор, Роб Пејџ вели дека на првата ѕвезда на неговата репрезентација, Герет Бејл нема да му биде дозволено да игра голф за време на Светското првенство во Катар.

Љубовта на поранешниот играч на Реал Мадрид, а сега на Лос Анџелес ФЦ кон голфот е одамна позната, но Пејџ вели дека морал да постави правила во тренинг-кампот предд Мундијалот и дека 33-годишниот ветеран ќе мора да се фокусира на фудбалот.

„Да, нема да има голф. Имаме работа таму. Во минатото кога Герет, Кифер Мур или Арон Ремзи ќе ме прашаа дали имаме план за утредента, им дозволував да одиграат на девет дупки. Но, тоа е во ситуација кога имате една недела подготовки пред два меча. Таму нема да имаме многу време, бидејќи секои четири дена има натпревар. Затоа нема голф“, вели Пејџ.

Велс ќе игра на едно СП првпат од 1958 година

Scroll to Top