Top Sport

Погба: Одземено ми е се што изградив во професионалната кариера

Францускиот фудбалер Пол Погба демантираше дека свесно или намерно користел допинг и најави жалба на одлуката на италијанскиот антидопинг трибунал (НАДО) кој претходно денеска го суспендираше играчот на Јувентус на четири години поради користење недозволени супстанци.

„Денеска бев информиран за одлуката на Трибуналот и мислам дека е неправедна. Тажен сум и шокиран. Срцето му е скршеното бидејќи ми е одземено се што изградив во професионалната кариера“, напиша Погба на својот Инстаграм профил.

Францускиот фудбалер беше тестиран по случаен избор на 20 август минатата година по натпреварот од Серија А помеѓу Јувентус и Удинезе. Овој натпревар го следеше од клупата за резерви.

Погба бил позитивен на тестостерон, хормон кој ја зголемува издржливоста. Анализата на примерокот Б потоа потврди дека францускиот фудбалер е позитивен на тестостерон.

„Кога ќе бидам ослободен од законските ограничувања, целата приказна ќе стане јасна. Никогаш свесно или намерно не сум земал додатоци кои ги прекршуваат прописите. Како професионален спортист никогаш не би направил ништо незаконско за да ги подобрам перформансите. Никогаш не сум омаловажувал, ниту сум измамил колеги спортисти или навивачи на ниеден тим. Ќе поднесам жалба до Судот за спортска арбитража“, заклучи Погба.

Погба (30) се врати во Јувентус во јули 2022 година. Тој претходно настапуваше за клубот од Торино од 2012 до 2016 година. Покрај Јувентус настапуваше и за Манчестер јунајтед.

Scroll to Top