Top Sport

Покетино: Барселона може да ни го украде Кејн

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, рекол дека Барселона или некој друг клуб би можеле да им г украдат Хари Кејн.

Најдобриот стрелец и играч на Тотенхем, пред почетокот на Светското првенство, потпишал нов шестгодишен договор со клубот. За Покетино, тој е ‘исклучителен’ фудбалер.

„Видовме дека многу екипи, во Примера и во Премиер лигата, имаат економски капацитет да му украдат важен играч на некој тим. Се случувало и порано – Реал Мадрид го донесе Кристијано Роналдо од Манчестер Јунајтед, Кутињо замина од Ливерпул. Се случувало во минатото, а ќе се случува во иднина, во тоа сум сигурен“, рекол Покетино на прес конференцијата пред натпреварот со Барселона во Лигата на шампионите.

„Сепак некогаш работите не зависат само од парите, туку и од аспирациите на фудбалерот. Некогаш тие носат одлука врз фактите, а некогаш се натерани да заминат од некоја друга причина“.

Оваа изјава на Покетинот, поврзана со Кејн, доаѓа по шпекулациите дека Барселона во летниот преоден рок за 200 милиони фунти ќе се обиде да го донесе Кејн на „Камп Ноу“.

Scroll to Top