Челси продолжува напорно да работи на освежување на својот тим. Маурисио Покетино идентификуваше неколку играчи за кои се надева дека ќе пристигнат на „Стемфорд бриџ“. Еден од нив е младиот француски талент Рајан Черки, пренесува „Фудбал Лондон“.
19-годишниот талент е во сопственост на Лион. Тој е офанзивен играч за врска, но може успешно да игра и на крилните позиции. Фудбалерот остави многу добар впечаток за време на Евро 2023 со Франција до 21 година. Таму постигна два гола и забележа една асистенција за младите „петли“.
Во него Покетино гледа потенцијална замена за Мејсон Маунт, кој замина во Манчестер Јунајтед. Черки ја има потребната креативност во средниот ред, а може да биде сериозна инвестиција за иднината на „сините“.
Младиот фудбалер има договор со Лион до 2025 година, а се очекува да постават цена од околу 40 милиони евра.