Тренерот на новиот италијански шампион, Милан, Стефано Пиоли го доби назад својот шампионски медал кој му беше украден за време на прославата на „Мапеи“ во Реџо Емилија.
По 0:3 победата кај Сасуоло, „росонерите“ ја потврдија својата 19. шампионска титула, меѓутоа Пиоли остана без медал во хаотичните сцени со стотината навивачи на Милан на теренот. Покрај тоа, крадецот глупаво реши да се пофали на Инстаграм праќајќи порака „Благодарам, Пиоли“, со фотографија на медалот.
Токму оваа грешка дозволила полицијата во Реџо Емилија да го пронаје крадецот и да му го врати меадалот на тренерот, негов прв трофеј во тренерската кариера.
Му го украде медалот на тренерот, па му пиша на Инстаграм: Фала, Пиоли!