Полицијата во Лондон утврди дека нема потреба за било каква казна против навивачите на Кристал палас, кои објавија банер на мечот со Њукасл, претставувајќи ги новите саудиски газди како терористи и убијци.
„По проценката, детективите утврдија дека не е направен никаков прекршок и нема да има дополнителни активности“, објави полицијата од Кројдон.
На банерот беше претставен човек во арапска облека покрај директорот на Премиерлигата, Ричард Мастерс со куп пари и крв околу него и листа на прекршоци на саудиската држава.
Навивачката група на Палас, „Холмсдејл фанатикс“ објавија дека тие се одговорни за изработката.
„Саудиското преземање на Њукасл мора да предизвика обвинување и лутина. Да се договори ваква зделка во исто време додека Премиерлигата го промовира женскиот фудбал само ја покажува дволичноста и бездушната агенда за профит“, велат од навивачката група.
Британската полиција со истрага за контроверзниот банер против Њукасл