Португалија се апсолутни фаворити за титулата од првата Лига на нации, вели селекторот на Швајцарија, нивниот ривал во полуфиналето, Владимир Петковиќ.
Шампионите од Европското првенство во 2016 се домаќини на „фајнал фор“ натпреварувањето во кое Англија ќе се судри со Холандија во второто полуфинале во четврток. Швајцарија, пак, нема големи трофеи во својата историја, но има три пласмани во четврт-финалето на Светското првенство.
„Португалците дефинитивно се фаворити, не само против нас, туку на турнирот. Тие се дома и се европски шампиони. Тие имаат педигре, но во фудбалот ништо не е невозможно“, вели Петковиќ.
Во португалскиот состав е и напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, тинејџерот на Бенфика, Жоао Феликс и интересно, четири фудбалери на Вулверхемптон.
„Ќе биде многу тешко, бидејќи се соочуваат две репрезентации кои сакаат да имаат посед на топката. Швајцарија има фантастични играчи како Харис Сеферовиќ и Џердан Шаќири и мораме да ја наметнеме нашата игра и да донесеме радост на домашните навивачи“, вели португалскиот селектор, Фернандо Сантош.
Денешното и утрешното полуфинале се игра во 20.45 часот, а финалето е во Порто во недела во истиот термин.