Top Sport

Португалија ќе достави докази до ФИФА дека Роналдо е стрелец на голот против Уругвај

Фудбалската федерација на Португалија ќе приложи докази до ФИФА дека првиот гол против Уругвај го постигнал Кристијано Роналдо, а не Бруно Фернандеш. Тој погодок предизвика многу полемики, а на крајот со помош на технологијата ФИФА донесе одлука дека Бруно Фернандеш е стрелец.

Кристијано првично беше наведен како стрелец, но подоцна ФИФА смени и погодокот е запишан за Бруно Фернандеш. Самиот Фернандеш изјави оти му се чини дека Роналдо последен ја допрел топката.

Сепак, Кристијано Роналдо е во трка за голем број рекорди на Светското првенство во Катар. Да постигнеше гол вчера, ќе го израмнеше рекордот на Еузебио за најмногу голови за Португалија на светските првенства.

Scroll to Top