Фудбалерот на Челси, Н’Голо Канте ќе се врати на терените кон крајот на февруари или почетокот на март. Ова го соопшти менаџерот на „сините“, Грем Потер на прес-конференција во пресрет на мечот со Борнмут во вторник.
„Мојата цел е да му помогнам брзо да се врати во добра форма и да го вратам на теренот на најдобар можен начин бидејќи не сме го виделе долго време“, изјави Потер.
Канте (31) заработи повреда на тетивата во август, а неговата состојба се влоши во октомври. Тој беше принуден да се повлече од француската фудбалска репрезентација за Светското првенство во Катар.