Вечерните мечеви од 28. коло од Бундеслигата донесоа еден драматичен пресврт во Франкфурт, „потоп“ на Леверкузен на домашен терен, и едно реми без голови меѓу Вердер и Менхенгладбах.
Леверкузен со победа над Волфсбург можеше да се искачи на третото место во Бундеслигата, но наместо тоа им се случи вистинска домашна катастрофа од 1:4 од Волфсбург. Марин Понграчиќ им донесе водство на гостите во 43. минута, по што следуваа црни 11 минути во второто полувреме за домаќините, откако Арнолд, Штефен и повторни Понграчиќ ја сместија топката во мрежата на Лукаш Храдецки, пред домаќините да постигнат утешувачки гол преку Јулијан Баумгартлингер.
На „Комерцбанк арената“ во Франкфурт пак, домаќините губеа со 0:1 и 1:3 од Фрајбург, пред да стигнат до 3:3 со два гола за две минути во финишот на полувремето. Менхенгладбах, пак, полека го губи здивот во борбата за врвот на табелата, откако по 3:1 поразот од Баер минатото коло, одиграа само 0:0 кај претпоследните на табелата, Вердер.
БУНДЕСЛИГА, 28.КОЛО
Баер Леверкузен – Волфсбург 1:4
Ајнтрахт Франкфурт – Фрајбург 3:3
Вердер Бремен – Борусија Менхенгладбах 0:0
Борусија Дортмунд – Баерн Минхен 0:1
БАЕР Л.-ВОЛФСБУРГ
АЈНТРАХТ-ФРАЈБУРГ
ВЕРДЕР-БОРУСИЈА М.