Македонскиот првак Шкупи во второто коло од квалификациите за ЛШ ќе игра против хрватскиот шампион Динамо Загреб, а доколку успее да го елиминира гарнтирано ќе игра во групите од Конференциската лига на УЕФА. Сепак, прво ќе продолжи во третото коло од ЛШ, а таму веќе се познати екипите кои се можни ривали.
Тоа се Лудогорец/Шамрок, Шериф/Марибор, Бодо Глимт/Линфилд, Ференцварош/Слован Братислава, Аполон, Дуделанж/Пјуник.
УЕФА во понеделник во Нион ќе го одржи ждребот и ќе биде познат евентуалниот ривал на Шкупи во третото коло од квалификациите во Лигата на шампионите.