Top Sport

Младинскиот репрезентативец Рустемоски потпиша за Шафхаузен

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Амел Рустемоски, е нов фудбалер на швајцарскиот второлигаш Шафхаузен. Тој одлучи да го напушти Вил и ја прифати понудата на Шахфаузен со цел да добие поголема минутажа во претстојната сезона.

Рустемоски го убеди тренерот Хакан Јакин дека може да биде квалитетно засилување за тимот и ќе го носи дресот со број „9“.

„Веруваме дека ангажманот на Амел Рустемоски ќе биде големо засилување за тимот во претстојната сезона“, изјави тренерот Хакан Јакин.

Scroll to Top