Top Sport

Познати евентуалните ривали на Шкупи во ЛШ, доколку го елиминира Динамо Загреб

Македонскиот првак Шкупи во второто коло од квалификациите за ЛШ ќе игра против хрватскиот шампион Динамо Загреб, а доколку успее да го елиминира гарнтирано ќе игра во групите од Конференциската лига на УЕФА. Сепак, прво ќе продолжи во третото коло од ЛШ, а таму веќе се познати екипите кои се можни ривали.

Тоа се Лудогорец/Шамрок, Шериф/Марибор, Бодо Глимт/Линфилд, Ференцварош/Слован Братислава, Аполон, Дуделанж/Пјуник.

УЕФА во понеделник во Нион ќе го одржи ждребот и ќе биде познат евентуалниот ривал на Шкупи во третото коло од квалификациите во Лигата на шампионите.

Scroll to Top