Top Sport

Познати се можните ривали на Шкендија и на Академија Пандев во Конференциската лига на УЕФА

Македонските клубови кои ќе учествуваат во Конференциската лига на УЕФА, Шкендија и Академија Пандев, денеска ги дознаа можните ривали за првото квалификациско коло. Ждребот ќе се одржи утре од 14 часот во Нион, додека Македонија ЃП ќе стартува од второто коло во ова натпреварување.

Шкендија е во групата 5 и е носител, а можни противници се Сабуртало (Грузија), Флориана (Малта), Арарат (Ерменија), Тузла Сити (БиХ) и Дечиќ (Црна Гора).

Академија Пандев е во групата 1 и не е носител. Со оглед на тоа ќе добие посилен ривал, а во опција се: Динамо Тбилиси (Грузија), Алашкерт (Ерменија), Дрита (Косово), Лехија (Полска), Милшами (Молдавија).

Scroll to Top