За помалку од еден час во Лондон, на Вембли, ќе започне финалниот натпревар на европското првенство.
Двете репрезентации, до финалето дојдоа без пораз. Англија, во групата ги победи Хрватска и Чешка и одигра нерешено со Шкотска, потоа славеше над Германија, Украина и во полу-финалето во продолжението ја победија Данска.
Италија во групата ги победи Турција, Швајцарија и Велс, а потоа по продолженијата ја победија Австрија, потоа славе над Белгија и во полу-финалето по изведувањето на пенали ја елиминираа Шпанија.
Англија се бори за првата титула и воопшто втора во историјата, додека Италија ќе се обиде втор пат да слави на ЕП, прв пат по 53 години.
Италија натпреварот ќе го започне со истите играчи кои го започнаа и полу-финалето, во формација 4-3-3.
Донарума е на голот, пред него ќе бидат Ди Лоренци, Бонучи, Кјелини и Спинацола, во средниот ред се Верати, Жоржињо и Барела и во нападот ќе бидат Кијеза, Инсиње и Имобиле.
Во тимот на Англија има една промена во однос на полу-финалето против Данска. Саутгејт ја смени формацијата во 3-5-2, поради што Тирпие влезе во тимот на местото на Сака.
Пикфорд ќе брани, во одбраната се Вокер, Стонс и Мегваер, во редот за врска се Трипие, Рајс, Филипс, Маунт и Шо и нападот ќе го предводат Стерлинг и Кејн.
Натпреварот ќе го суди Холанѓанецот Бјорн Кујперс.