Роберто Карлос беше еден од најдобрите леви бекови во историјата на фудбалот, во настапите за неговите Реал Мадрид и Бразил.
Со „селесао“ тој ја освои светската титула во 2002 година, и додаде два трофеи од Копа Америка, а со Реал освои три титули од Лигата на шампионите и четири од Ла лига со неверојатни 517 настапи и 7 голови.
Од сите „бомби“ од голови кои ги постигна, најлегендарниот секако е тој на пријателскиот меч со Франција во 1997 година. Ваков гол уште не се повторил.