Горан Пандев уште еднаш покажа дека е мајстор на фудбалскатa игра со убав гол за неговата Џенова, но на Грифоне сериозно им се заканува испаѓање од Серија А, откако дома загубија со 1:3 од Рома.
Рома дојде на водство на „Луиџи Ферарис“ уште во шестата минут преку Ченгиз Ундер, за во 44. минута, Бираги да си постигне автогол за 0:2. Само една минута подоцна Пандев доби одлична топка и во шестнаесетникот со фантастичен удар го совлада голманот Пау Лопез.
Сите надежи на Џенова дека ќе освојат барем поен беа уништени во 74. минута, кога Един Џеко стрелаше за 1:3 по катастрофалната грешка на домашниот голман Перин.
Со победата, Рома се врати на четвртото место на табелата со 38 поени, седум помалку од градскиот ривал Лацио, додека Џенова се претпоследни со 14 поени, два помалку од безбедната зона.