Премиер лигата планира борба против фудбалските ѕвезди кои ќе ги прекршуваат правилата за изолација поради корона вирусот, со парични казни од 200.000 фунти за прекршок, но и одземање на поени на клубовите кои не можат да ги контролираат своите фудбалери.
Според „Сан“, Премиер лигата ќе може да ги казнува фудбалерите парично по прекршок, вториот прекршок би носел двојно повисока казна (400.000 фунти), а третиот одземање на поени на клубот.
Овие мерки доаѓаат откако за време на карантинот во Англија повеќе фудбалери ги прекршија правилата – Кајл Вокер (Манчестер сити), Серж Орие (Тотенхем), Џек Грилиш (Астон вила), Александер Лаказет (Арсенал) и Џордан Ибе (Бурнемаут). Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо исто така беше обвинет дека ги прекршил правилата во април, откако имаше јавна тренинг-сесија со Тангај Ндомбеле во Барнет.