Top Sport

Премиерлига: Турнир со 92 натпревари за крај на сезоната

Премиерлигата и претставниците на клубовите секојдневно бараат начин како да заврши сезоната, која е суспендирана поради пандемијата на вирусот КОВИД-19. Во Англија фудбалот застана на 15 март.

„Индипендет“ тврди дека Премиерлигата и клубовите решиле да организираат турнир, а натпреварите би се играле во Лондон и на подрачјето на централна Англија.

Натпреварите би се играле во јуни и јули зад затворени врати. Системот на натпревари би бил ист како на светските првенства, а според планот би се одиграле вкупно 92 натпревари.

Според овој извор планит бил поддржан и од британската влада.

Scroll to Top