Top Sport

Премиерлигашите се согласија да ги спречат Њукасл да трошат премногу

Клубовите од Премиерлигата ќе мора да ги доставуваат деталите за нивните комерцијални договори за одобрување од нивните ривали, откако беа договорени нови правила во најбогатата фудбалска лига на светот, како директна реакција на купувањето на Њукасл јунајтед од саудиски инвеститори за 305 милиони фунти и најавите за големо трошење на клубот кому му се заканува испаѓање.

Премиерлигашите почнаа со „ковање план“ за ограничување на трошењето во октомври, откако Јавниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија (ПИФ) откупи 80 отсто од Њукасл. Целта е да се спречат газдите да ја прикажуваат финансиската состојба на клубот позитивна со добивање на спонзори од „придружни елементи“, односно Њукасл да добие спонзори за стадионот, дресовите или тренинг цетарот на саудиски бизниси.

За одлуката ваквите договори да одат на проценка кај ривалите за да се утврди „фер пазарната вредност“ гласаа најмалку 14 од 20-те премиерлигаши, откако претходно Њукасл гласаа против, а Манчестер сити беа „воздржани“.

Ова значи дека ќе се воведе специјална независна комисија која ќе ги проценува сите спонзорски договори, по што бордот на Премиерлигата ќе ги одобрува. Според сегашните правила за финансиски ферплеј, клубот може да направи загуба од 105 милиони фунти во три години, пред да биде санкциониран. Според Универзитетот на Ливерпул, Њукасл сега може да потрошат 166 милиони фунти во следните три години, но ако ги склучат најавените спонзорски договори од 100 милиони фунти, оваа сума ќе скокне на 200 милиони фунти, со што ќе бидат на исто дозволено ниво со Арсенал, Челси и Манчестер јунајтед.

Scroll to Top