Претседателот на Барнли, Мајк Гарлик тврди дека неговиот клуб ќе банкротира до август доколку биде откажана сезоната во Премиер лигата поради корона вирусот.
Од клубот од Ланкашајр велат дека ќе загубат 50 милиони фунти доколку сезоната не продолжи, а посочија дека други клубови ќе имаат и поголеми загуби. Премиер лигата е одложена на неопределено време поради пандемијата и Гарлик вели дека неговиот тим има пари за само уште неколку месеци.
„Фактот е тој – ако не ја завршиме сезоната и нема јасен старт на следната сезона, ние како клуб ќе останеме без пари до август. Не можам да зборувам за другите клубови бидејќи не ја знам нивната финансиска позиција, но тоа е нашиот случај. Затоа, за нас е клучно да се заврши сезоната“, вели Гарлик.
£50 Million Shortfall If Clarets Don’t Finish The Season https://t.co/XXslyDBLfJ
— Burnley FC (@BurnleyOfficial) April 4, 2020