Претседателот на Барселона, Џосеп Марија Бартомеу, оценил дека заминувањето на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид негативно влијае врз Ла Лига. Роналдо, во летниот преоден рок, се пресели во Јувентус, што го прави овој тим еден од најсериозните кандидати за титулата во Лигата на шампионите.
„Андреа Ањели заврши одлична работа. Жал ми е што од Ла Лига, втора година по ред, заминува вистинска ѕвезда. Лани тоа беше Нејмар, сега Роналдо. Ова заминување може да има негативни последици по првенството. Не се грижам дали Реал ќе биде послаб, јас сакам најдобриот фудбале да се игра во Шпанија. Роналдо не е само засилување за Јувентус, тој го унапреди комплетниот италијански фудбал“, рекол Бартомеу.
Инаку, Кристијано Роналдо вечерва повторно ќе игра натпревар во Шпанија. Јувентус, во Лигата на шампионите, гостува во Валенсија.