Top Sport

Претседателот на француската федерација: Што бараме со бои на виножитото во Катар?

Ноел де Грет, претседателот на Француската фудбалска федерација (ФФФ) вели дека би преферирал фудбалерите на Мундијалот во Катар да не носат капитенски ленти во боите на виножитото во знак на поддршка на ЛГБТ правата.

Хомосексуалноста е забранета во Катар, но неколку европски репрезентации најавија дека ќе ја поддржат иницијативата „One Love“ со носење на капитенска лента во боите на виножитото. Ле Грет, во интервју за „Л’Екип“ не е сигурен дали капитенот Иго Љорис треба да носи ваква лента.

„Ќе разговараме, но повеќе би сакал да не ја носи. Играме во земја која мора да ја почитуваме. Не се работи за тоа дека јас сум против таа лента, но понекогаш мислам дека премногу сакаме да им држиме лекции на другите и подобро би било да погледнеме што се случува во нашата земја“, вели Ле Грет.

Scroll to Top