Претседателот на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), Габриеле Гравина смета дека не треба да се подгрева лажна надеж во италијанската јавност за добивање на место на Светското првенство во 2022.
Италија загуби од Македонија во баражот на СП, но се надеваа дека е можно исфрлање на Еквадор од Мундијалот поради тоа што играле во квалификациите со нелегален фудбалер, со што се остава можноста највисокорангираната репрезентација која не е на СП, односно Италија би добила пласман.
Гравина вели дека по консултациите со ФИФА е јасно дека тоа е невозможно.
„Нула шанси. Европа има 13 места на Мундијалот и сите се зафатени. Ако биде отворено место на Мундијалот преку Јужна Америка, тоа ќе оди кај јужноамериканска репрезентација. Зборувавме со ФИФА и одговорот беше целосно негативен“, вели Гравина.
ФИФА потврди истрага против Еквадор, Италијанците „сонуваат“ за место на СП