Top Sport

При развод се е дозволено: Тоти не и ги дава штиклите на Илари Блази

Разводот меѓу Франческо Тоти и Илари Блази веќе добива комични димензии. Некогаш идеалното семејство се распадна по 20 години брак, во кој фудбалерот и ТВ водителката беа примери и миленици на цела Италија. Судското рочиште е закажано за петок (14 октомври), бидејќи Илари одби да се разведе со спогодбен договор. Допрва ќе се одлучува како ќе се распредели заедничкиот имот.

Неколку дена пред судската разврска, на виделина излегоа нови апсурдни вести. Италијанскиот „Ил Масаџеро“ тврди дека поранешниот капитен на Рома одбил да и врати на сопругата 100 пара штикли, некои во вредност и од 4.000 евра. Ги собрал заедно со луксузната колекција на чанти за која медиумите пренесоа пред повеќе од еден месец. Тој го направил тоа за да ги искористи предметите како дел од договорот за поделба на имотот.

Во жестоко интервју за „Corriere della Sera“, Франческо Тоти упати остри обвинувања против Илари.

„Ми ја зеде колекцијата на часовници и ја испразни мојата банкарска сметка заедно со нејзиниот татко. Таа сака да ми земе се. Не ме интересираат материјалните работи, ги сакам моите деца. Се надевам дека ќе постигнеме договор“, призна Тоти.

Поранешниот фудбалер на Рома веќе има нова девојка, Ноеми Боки, и живее заедно со неа и нејзините две деца.

Scroll to Top