Top Sport

Проблем за Македонија и за Џенова – се повреди Пандев

Екипата на Џенова е на добар пат да забележ значајна победа во Болоња која многу ќе им значи во борбата за опстанок во Серија А. По првото полувреме Џенова на „ренато Делара“ води со 2:0.

Првиот гол за Џенова го постигна Сумару во 28 минута, потоа Шутен поради невнимателен старт доби директен црвен картон во 34 минута, предноста од играч повеќе Џенова ја материјализираше во 44 минута кога Снабрија го зголеми водството.

Лоша вест од овој меч за Македонија но и за Џенова е повредата на Горан Пандев. Ветеранот кој игра во одлична форма и е клучниот играч на Џенова се повреди по десетина минути игра.

Пандев го повредил коленото, а веројатно утре ќе биде познато колкава пауза го очекува.

Scroll to Top