Top Sport

Познати групите за осумте тениски дами на завршниот турнир во Форт Ворт

Соединетите Американски Држави по пауза од седумнаесет години оваа сезона повторно ќе бидат домаќини на завршниот тениски турнир во женска конкуренција. Најдобрите осум тенисерки ќе се борат за титулата во Форт Ворт.

Шампионскиот тофеј лани заврши во рацете на Гарбине Мугуруза, а веќе се познати групите за оваа година. Натпреварите започнуваат на 31 октомври, а ќе завршат со големото финале, кое е закажано за 7 ноември.

Во групата „Трејси Остин“ се наоѓаа Ига Швојнтек, Коко Гоф, Каролин Гарсија и Дарја Касаткина.

Во групата „Ненси Ричи“ ќе играат Онс Жабер, Џесика Пегула, Марија Сакари и Арина Сабаленка.

Scroll to Top