Светскиот првак Франција се соочува со здравствени проблеми на дел од фудбалерите на само 12 часа пред почетокот на полуфиналето на Светското првенство во Катар. Адриен Рабио и Дајот Упамекано се неизвесни за настап поради зголемена телесна температура.
Двајцата го пропуштија вчерашниот тренинг, а Дешамп имаше само 22 играчи на располагање на последната подготовка на стадионот „Јасим бин Хамад“ во Доха.
Франција вечерва од 20 часот ќе игра против Мароко во битката за ново финале на СП. „Триколорите“ се големи фаворити, но Мароко веќе испрати три такви селекции дома од Катар, Белгија, Шпанија и Португалија.
Рабио и Упамекано досега без незаменливи во стартниот тим на Франција на Мундијалот. Лекарскиот тим на „триколорите“ има уште неполни 12 часа да ги оспособи за настап.