Торино со 2:0 го совлада тимот на Милан за да ги помине на петтото место на табелата и уште повеќе да ја искомпликува борбата за местата кои водат во Лигата на шампионите следната сезона.
Мечот започна во прекрасна атмосфера, откако навивачите на Торино ја одбележија 70-годишнината од трагичниот пад на авионот во кој загинаа 31 фудбалер на клубот на 4 мај 1949 година.
Amazing tribute at halftime for Torino Football Club who lost 31 players in a plane crash on 4th May 1949. Today’s game used to mark the 70th anniversary. #TorinoMilan pic.twitter.com/GpTm4Jxobl
— Richard ? (@born1878) April 28, 2019
Андреа Белоти ги донесе „биковите“ во водство со гол од пенал во 58. минута, за само 11 минути подоцна Алехандро Беренгер да им даде уште еден гол на Милан, кај кои продолжува драстичниот пад во формата – по ремито со Парма и поразот од Лацио во полуфиналето на Копа Италија.
Јувентус, Наполи, а најверојатно и Интер засега се сигурни на првите три позиции во Серија А, меѓутоа од четвртото до осмото место е вистинска „мешаница“ на само четири кола пред крајот. Рома е четврта со 58, Торино сега се петти со 56, колку што има и Милан на шестото место и Аталанта на седмото, а Лацио е на осмата позиција со 55 поени.