Тинејџерот од Реал Мадрид, Винисисус Жуниор, открил дека за неговите услуги биле заинтересирани и во Барселона, но дека проектот што му го претставиле во Мадрид и разговорот со сонародникот Марсело пресудиле тој да го избере „кралскиот клуб“.
„Барселона нудеа повеќе пари, но проектот на Реал беше подобар. Марсело разговараше со мене, исто така и Каземиро. Многу ми помогнаа“, рекол 18-годишниот крилен напаѓач, во интервју за шпанските медиуми.
Бразилецот потпиша договор со Реал во мај 2017 година, а официјално стана член на „кралскиот клуб“ во јули минатата година. Од неговиот трансфер Фламенго заработиле 40 милиони евра.
Винисиус кај првиот тренер Хулен Лопетеги не добиви шанса да игра, тој беше дел од „Б“ тимот на Реал, додека кај Сантијаго Солари доби можност да ѝ се претстави на фудбалската јавност. Прашање е каков ќе биде неговиот статус кај Зинедин Зидан која ќе се рехабилитира од повредата.