Top Sport

„Проклетство, имам само 29 години“

Драмата која се случи на мечот Данска-Финска на ЕУРО 2020, кога најдобриот дански играч, Кристијан Ериксен, колабираше на теренот, ја шокираше целокупната светска јавност.

Брзата реакција на лекарските тимови на стадионот му го спасија животот на фудбалерот. Реанимацијата беше успешна, потоа тој беше префрлен во болница, а денес Фудбалската федерација на Данска објави дека на Ериксен ќе му биде вграден дефибрилатор на срцето.

Лекарот на данскиот тим, Јенс Клајнфелд, кој го врати фудбалерот во живот, откри како се одвивала драмата.

Кога Ериксен ги отворил очите му рекол: „Добро е повторно си со нас“.

„Да се вратив. Проклетство, имам само 29 години“, му одговорил Ериксен.

„Веднаш ми стана јасно дека мозокот не е оштетен и дека ќе биде добро“, рекол Клајнфелд.

„Електро-шокот има подобра стапка на успех кај здравите професионални спортисти, во споредба со обичните пациенти. Бев целосно сигурен дека состојбата во болницата ќе му биде стабилна“, заклучил лекарот на данскиот тим.

Scroll to Top