Top Sport

Штруф од „среќен губитник“ до финале во Мадрид против Алкараз

Светскиот рекет број 56., Германецот Јан-Ленард Штруф ќе се обиде да ја сопре неверојатната серија на земја на Карлос Алкараз во финалето на Мастерсот во Мадрид, откако по маратонски меч во три сета се врати од сет негатива за 4:6/6:3/6:4 победа над Русинот Аслан Карацев.

Дуелот со Карацев, всушност беше реприза на мечот од квалификациите во „Каха магика“ – Карацев тогаш го совлада 33-годишниот Германец со 6:4/6:2 за да обезбеди место на главниот турнир. Германецот успеа да влезе како „среќен губитник“ по повлекување на друг тенисер од турнирот. Тој е првиот „среќен губитник“ кој ќе игра едно АТП Мастерс 1000 финале.

Германскиот ветеран ќе биде апсолутен аутсајдер во финалето против Алкараз, бидејќи во својата кариера нема ниту една сингл титула, губејќи во единственото финале на Баварија опен во 2021 од Николоз Басилашвили.

Scroll to Top