Нотингем Форест ја оствари првата победа по враќањето во елитното англиско фудбалско друштво. На домашен терен „шумарите“ славеа против Вест Хем со 1:0.
Стрелец на победничкиот гол за Нотингем Форест беше Таиво Авонији во 45.минута од натпреварот.
Деклан Рајс во 65.минута не успеа да реализира пенал за израмнување, а дуелот траеше цели сто минути, заедно со судиското продолжение.