Top Sport

Првото засилување за Брегалница е голманот Давков

Македонскиот прволигаш Брегалница го доведе првото засилување за следната натпреварувачка сезона. По заминувањето на Давид Денковски во Шкупи, приоритет за шрипјани беше голманската позиција, па го вратија голманот Мартин Давков од Тиквеш.

Давков настапуваше за Брегалница до 2020 година, потоа две сезони мина во Кит Го Пехчево, а во минатиот шампионат беше член на Тиквеш. Сега повторно се враќа во тимот на Брегалница.

Подготовките за новата сезона во Првата лига, Брегалница ги почнува на 26. јуни.

 

Scroll to Top