Top Sport

ПСЖ го понудил и на Барселона, но Нејмар сака да остане во Париз

Бразилскиот фудбалер Нејмар летово е понуден и на Барселона, но најверојатно нема да го напушти Пари Сен Жермен. ПСЖ сака да се ослободи од најскапиот фудбалер поради неговото „штетно“ влијание во соблекувалната и недоволниот придонес на теренот.

Прво Њукасл се распрашуваше за 30-годишниот Нејмар, пред неколку дена се појави информација дека може да замине во Јувентус, а синоќа како бомба одекна веста дека Бразилецот и е понуден на Барселона за 50 милиони евра.

Единствената вистина е дека Нејмар не оди никаде. Тоа го потврди неговиот агент Вагнер Рибеиро.

„Нејмар има само еден сон – да ја освои Лигата на шампионите со ПСЖ. И покрај сите гласини дека е на излезна врата од клубот, тој е мотивиран и нема да се откаже додека не успее“, изјави Рибеиро.

Нејмар има клаузула во договорот со ПСЖ според која на 1 јули автоматски соработката ќе биде продолжена до 2027 година.

Scroll to Top