ПСЖ се откажува од идејата да го задржи Килијан Мбапе на „Паркот на принцовите“ откако тој ја одбил и последната понуда за продолжување на договорот иако влезен е во последната година од постојниот договор со „Светците“.
Француски „RMC“ ексклузивно најави дека Мбапе оди на продажба, а шпанска „Марка“ пишува дека имало контакт меѓу двата фудбалски великани.
Реал Мадрид ова лето заработи 85 милиони евра од продажбата на Рафаел Варан (50 милиони) во Манчестер Јунајтед и од Мартин Одегард уште 35 милиони од Арсенал.
Од претходните преодни рокови „Кралевите“, наводно, имаат околу 120 милиони евра – пари подготвени за Французинот, се вели во инфрмацијата од Шпанија.
Најавите се дека Реал планира со 207 милиони евра да го добие францускиот голгетер, но останува отворено прашањето колкава би била отштетата ако се знае дека фудбалер е на една година пред истек на договорот.