Францускиот гигант Пари Сен Жермен не успеа да го елиминира Реал Мадрид и застана во осмина-финалето од Лигата на шампионите, а тоа ќе донесе голем потрес на „Паркот на принцовите“. Претседателот Насер Ал-Келаифи веднаш беше повикан во централата во Доха и можно е да биде отповикан од функцијата на крајот од сезоната.
Со него, како што откриваат француските медиуми, би заминале и спорскиот директор Леонардо и тренерот Маурисио Покетино, а сосема други луѓе би добиле шанса на виталните клупски функции.
Во ПСЖ се подготвува голема „чистка“ и во играчкиот кадар. Килијан Мбапе најверојатно ќе замине во Реал Мадрид, сигурен статус немаат ниту Лионел Меси и Нејмар.