Top Sport

Федерер: Над 1.400 тениски мечеви ги играв со болка

Швајцарскиот тениски ас, Роџер Федерер денеска во Мајами на претставувањето за новиот АТП турнир објасни со што се се борат професионалните тенисери секој ден.

Тој откри дека на АТП турнирите до сега одиграл 1.454 меча, а голем дел од мечевите ги играл повреден.
Посебно тежок период имал во 2016 година поради проблеми со коленото.

„Не можеме да се преправаме од недела во недела дека се е во ред. Секој играч на свој начин се носи со тоа. Бидете сигурни дека во поголем дел случаи трпиме силни болки и молчиме. Тоа е за да не му овозможиме на противникот ментална сила, се откажуваме само кога ситуацијата е сериозна по здравјето“ рече Федерер.

Швајцарецот истакна дека во кариерата на над 1.400 меча играл со болки и тоа константни.

Scroll to Top