Top Sport

ПСЖ тргнува по Хари Кејн

Од почетокот на летниот преоден рок трае сагата за тоа каде следната сезона ќе игра капитенот на Тотенхем, Хари Кејн. Англискиот репрзентативец има договор до 30 јуни следната година, не сака да го продолжи, па логично е сега да ја промени средината.

Во еден момент се чинеше дека Баерн ќе биде неговиот нов клуб, но тврдоглавиот сопственик на Тотенхем, Даниел Леви, одби две понуди од германскиот шампион, од 70 милиони и од 80 милиони евра.

Тогаш како опција се појави Манчестер Јунајтед, но конкретна понуда од „Олд Трафорд“ сѐ уште не пристигнала, а денеска од Франција доаѓа информација дека одличниот напаѓач би можел да заврши во Париз.

Килијан Мбапе се чини дека е блиску до заминување од Пари Сен Жермен, а францускиот шампион е во потрага по офанзивен играч кој ќе го замени. Според француските медиуми, изборот паднал на Кејн, а одобрение дал и новиот тренер Луис Енрике.

ПСЖ наводно ќе му испрати на Тотенхем понуда која надминува 100 милиони евра доколку Кејн се согласи со условите.

 

Scroll to Top