Пари Сен Жермен полека, но сигурно, се подготвува за зимскиот преоден рок кој започнува на 1 јануари следната година. Како што пренесуваат италијанските медиуми, „светците“ по секоја цена го посакуваат дефанзивецот на Интер, Милан Шкриниар.
Иако договорот на Словакот истекува на крајот од сезоната, ПСЖ е подготвен да му понуди на Интер 30 милиони евра за неговите услуги и да го доведе во текот на зимскиот преоден рок, без да го чека летото кога би станал слободен играч.
Шкриниар се уште не го продолжил договорот со „нероаѕурите“, па ваквиот епилог може да биде добар за Интер бидејќи во спротивно ризикуваат да останат без отштета за момчето кое дојде во Интер од Сампдорија.
Во летото 2017 година, Интер за неговиот трансфер на Сампдорија и плати 34 милиони евра.