Претседателот на Русија, Владимир Путин, ќе присуствува на ждрепката за Светското првенство кое ќе се одржи наредната година. како што објавија руските медиуми оваа информација е потврдена од прес-службата на Кремљ.
Извлекувањето на групите за Мундијалот во Русија ќе почне во 16 часот, а водители на церемонијата ќе бидат руската новинарка Марија Команднаја и легендарниот англиски фудбалер Гери Линекер.
Во извлекувањето на топчината ќе помагаат Диего Армандо Мараднона, Никита Симонјан, Лоран Блан, Гордон Бенкс, Фабио Кнаваро, Кафу, Карлес Пујол и Диего Форлан.
Путин пред почетокот на свечената церемонија во Кремљ ќе сретне и со другите ѕвезди на светскиот фудбал кои ќе присуствуваат на извлекувањето на групите.
Меѓу нив ќе бидат Роналдињо, Роналдо, Пеле, Уго Санчез, Дидие Дрогба, Самјуел Ето и многу други.
Светското првенство во Русија ќе се игра од 14 јуни до 15 јули наредната година во Москва, Калининград, Санкт Петербург, Волгоград, Казањ, Нижни Новгород, Самара, Саранск, Ростов, Сочи и Екатеринбург.
Мундијалот ќе биде отворен на 14 јули на стадионот „Лужники“ во Москва со натпреварот во кој ќе игра домаќинот Русија, а ќе биде затворен на 15 јули на истиот стадион.
Кремљ и Русија подготвени да блеснат на мундијалската ждрепка