Top Sport

Работнички ја победи Шкендија, реми за Шкупи во Тетово (ФОТО)

Работнички ја победи Шкендија со 2:1 на арената „Тодор Проески“ и ја откажа од борбата за шампионската титула. Шкупи ремизираше без голови на гости против Ренова и ја зголеми предноста на врвот.

Марио Станковски постигна фантастичен гол во 23.минута, откако од дваесетина метри погоди во спротивниот горен агол од голот на Костадин Захов. Само три минути подоцна, по едно невнимание на целата одбрана на Работнички, израмни Аденис Шала.

„Романтичарите“ повторно дојдоа до предност во 59.минута, со голот на Анес Рушевиќ, откако претходно Марио Станковски го погоди дирекот. Шкендија во 88.минута остана и со играч помалку поради исклучувањето на Јан Кривак.

Академија Пандев го декласира Борец со 5:0 во Струмица и се врати на второто место на табелата. Коста Манев ја отвори серијата, а во првото полувреме погодија и Осман Маронг и Пепи Ѓорѓиев. Во вториот дел во листата на стрелците се запишаа и Адис Хаџановиќ од пенал и Кристијан Велиновски.

Македонија ЃП ја продолжи победничката серија и во Струга, и тоа со доминантно издание против домаќинот (1:3). Јован Попзлатанов во 22.минута го отвори резултатот, само минута подоцна Кристијан Стојкоски зголеми на 0-2, а третиот гол го постигна Сефер Емини во 45.минута од дуелот. Буњамин Шабани од пенал во 86.минута постигна гол за Струга ТЛ.

Брегалница конечно победи, а тоа е сефте и за новиот тренер Илчо Ѓорѓиоски. Во Штип падна последопласираниот Пелистер со 2:1. Милан Џокиќ во 33.минута ја доведе Брегалница во водство, израмни Петар Љамчевски во 51.минута, а Бобан Георгиев во 74.минута постигна победнички гол за штипјани.

Тиквеш во саботата го победи Скопје со 3:0.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top