Top Sport

Тухел би сакал Грановскаја и Чех да останат во Челси

Менаџерот на Челси, Томас Тухел вели дека се надева дека Марина Грановскаја и Петр Чех ќе ги заддржат своите работи и ќе го водат клубот и откако Роман Абрамович ќе го продаде клубот, но инсистира дека нема никакво влијание на одлуките.

Повеќето заинтересирани богаташи имаат до 15 март да ја дадат својата понуда откако Абрамович најави брза продажба по стравувањата дека ќе биде казнет од британската влада. Долгогодишната директорка Грановскаја и поранешниот голман Чех, кој работи како технички директор беа клучни во водењето на клубот.

„Јас немам избор со кого ќе продолжам да работам во моментов и тоа е дел од несигурноста околу клубот. Само би сакал да кажам дека досега соработката беше фантастична, така што јас би сакал да продолжи така, но одлуките не ги носам јас. Се надевам дека ќе остане така. Никогаш не е добро да се има неизвесност, но моите фудбалери се вистински професионалци и одлично си ја завршуваат работата“, вели Тухел.

Scroll to Top