Top Sport

Рафа Леао ќе го напушти Милан

Голема е веројатноста, во летниот преоден рок, Милан да остане без најдобриот фудбалер, Рафаел Леао. Француски „Телефут“, тврди дека Португалецот е на мета на два клуба.

Истиот извор тврди дека за неговите услуги се заинтересирани ПСЖ и Њукасл. Наводно овие два клуба биле подготвени да платата преку 100 милиони евра. Една таква понуда, Милан, кој има одредени финансиски проблеми нема да одбие.

Рафаел Леао оваа сезона за Милан постигна шест гола и асистенции на 26 натпревари.

Scroll to Top