Милан ја победи Фиорентина со 1:0 на „Сан Сиро“ и направи голем чекор напред во трката за шампионската титула. „Росонерите“ сега имаат големи пет бода предност во однос на Интер кој гостува во Удине.
Милан долго се мачеше да го отвори резултатот, а тоа му успеа на Рафаел Леао во последните десетина минути.
По грешката на гостинскиот голман, Рафаел Леао доби топка откосо од левата страна и со одмерен удар од 12 метри ја затресе противничката мрежа.
Торино на гости го совлада Емполи со 1:3.