Англискиот репрезентативец Рахим Стерлинг е многу блиску до преселба во Челси, кој сака да го ангажира за обештетување од околу 45 милиони фунти. Тој има уште една година од договорот со Манчестер Сити, а треба да стане најплатен фудбалер на „Стемфорд бриџ“.
Играјќи за Сити, Рахим Стерлинг освои 12 трофеи, вклучително и четири титули во Премиерлигата, а новиот сопственик на Челси, Тод Боли, го гледа неговото купување како можност да докаже дека лондонскиот клуб се уште е фактор на пазарот за најбогатите.
Стерлинг ќе биде најплатениот играч на Челси, со неделна плата од 300.000 фунти. Тоа би значело дека неговата годишна плата ќе изнесува 15,6 милиони фунти.