Jyстин Клајверт привлекува внимание од најдобрите клубови во Европа, но синот на поранешната легенда на Ајакс, Патрик Клајверт, останува фокусиран да остане во Амстердам, вели неговиот агент Мино Рајола.
18-годишниот Клајверт стана клучен играч за Ајакс оваа сезона откако успеа да избори место во првиот тим, со шест гола и четири асистенции, но има само уште 18 месеци договор со холандскиот клуб. Ова ги зголеми шпекулациите дека Манчестер јунајтед и Барселона се подготвени да го „приберат“ талентот. Рајола вели дека засега целта е да се остане во Холандија.
„Преговорите одат добро и нема никакви проблеми, но треба да бидеме внимателни. Во Ајакс, Јустин уште игра со мал договор, а сега има голем интерес за него и тоа од големите тимови во Европа. Мораме да ги сфатиме тие шпекулации сериозно, бидејќи се работи за еден од најголемите таленти на светот. Остануваме трпеливи“, вели Рајола во интервју за весникот „Де телеграф“.