Фудбалерите на Севилја го доживеаја првиот пораз во шампионатот на домашен терен. Реал, со спектакуларен пресврт, успеа да победи на „Рамон Санчез Писхуан“. Севилја по првото полувреме имаше водство 2:0, на крајот Реал победи 2:3 со голот на Бензема во 92.минута.
Севилја по 25 минути игра имаше водство од 2:0. Грешките во одбраната на Реал ги искористија Ракитиќ и Ламела.
Мечот го обележаа две спорни одлуки на главниот судија Гиљермо Квадра. Тој не реагираше во финишот на првиот дел при стартот на Камавинга врз Марсијал и го поништо голот на Винисисус при резулатат 2:1.
„Камавинга мораше да биде исклучен (втор жолт картон), не можам да разберам зошто не се случи тоа. Воопшто не одеше на топката, не знам како поинаку може да се протолкува тој старт. Винисисус? Очигледно беше дека играше со рака“, рекол Иван Ракитиќ.
Реал е лидер во Шпанија со 75 поени, 60 имаат Барселона, Севилја и Атлетико Мадрид, со напомена дека Каталонците имаат два натпревари помалку.
Camavinga avoided a second yellow card for this challenge on Martial ?
The referee decided it wasn't a foul and gave Martial a yellow card for his reaction. The forward was forced off with an injury after the incident. pic.twitter.com/JfevpRVMzf
— ESPN FC (@ESPNFC) April 17, 2022